top of page
Search

Локално партнерство за развој на еко-туризам во Маврово

  • denidzhaferi30
  • Jan 12, 2021
  • 1 min read

Во просториите на Националниот парк Маврово вчера се одржа првиот координативен состанок за креирање на широко локално партнерство за развој на еко-туризам во рамките на проектот Младите за Маврово поддржан од Civica Mobilitas. На состанокот присуствуваа и Градоначалникот на Маврово Ростушe, директорот на Националниот парк на Маврово како и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски. Младите од Маврово јасно ја истакнаа својата идеја за иновации кога станува збор за туризмот и одржувањето на здрава и чиста животна средина. Во рамките на овој проект следат серија на обуки кои ќе ја промовираат потребата од креирање на акциски план за еко туризам и бизнис планови кои ќе ја застапат еко компонентата.


 
 
 

Comments


ЗЕУКСТРИТОН (Здружение за унапредување на културата и спортот - Тритон), е базирано главно на територијата на Општина Маврово и Ростуше, поконкретно - Долнореканскиот регион.

© 2019, Ростуше.
Овозможено од Wix.com

bottom of page