
КОИ СМЕ НИЕ
Здружение за екологија и унапредување на културата и спортот ЗЕУКСТРИТОН, е основано во 2017 година со мисија да се унапреди еколошката свест на граѓаните, стимулирање на туризмот и создавање на еколошки чиста средина. Работата и активностите на здружението главно се базираат на територијата на Општина Маврово и Ростуше, односно во Долнореканскиот регион.
ЗЕУКСТРИТОН досега има остварено соработка со Општина Маврово и Ростуше, Националниот парк Маврово, а во скоро и со НВО Инфоцентар Скопје.
Покрај активностите во областа на екологијата, нашето здружение во иднина има намера да се вклучи и во активности поврзани со културата и спортот. Имено, веќе беше стекнато мало искуство со учество во организирањето на Изборот за најдобра мавровско-реканска пита, настан кој во минатото беше дел од Реканското културно лето.
АКТИВНИ ЧЛЕНОВИ
Исметовиќ Кемил
ПРЕТСЕДАТЕЛ; Член од 2017 година

Ајдини Маз лам
Член од 2017 година

Џафери Ден и
Член од 2017 година

Фејзули Нерм ин
Член од 2017 година

Јахја Елди н
Член од 2017 година

Билали Ханис
Член од 2017 година

Илјази Тефик
Член од 2017 г одина

КАКО ФУНКЦИОНИРАМЕ
АНГАЖИРАНОСТ НА СИТЕ ЧЛЕНОВИ
Со здружението раководи претседател, избран од страна на Собранието кое се состои од осум членови. Во носењето на одлуки свој допринос даваат извршниот и надзорниот одбор.
Бидејќи сеуште немаме сопствена канцеларија, седниците се одржуваат на различни локации, од кои како најчесто користени можеме да ги издвоиме просториите на Општина Маврово и Ростуше и СОУ „Маврово-Ростуше“.
Се надеваме дека во најкус можен временски период ќе успееме да обезбедиме и сопствена канцеларија, со цел одржувањето на седниците и работните состаноци да ни биде олеснето.
На секоја од средбите, уредно се забележуваат присутните, темите на разговор, предлозите, а се дава можност и на оние членови кои имаат нешто да презентираат пред останатите.